На 07.05 2023, во недела, на Саемот на книгата во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи промоција на книгата „Добрите девојки се враќаат дома пред полноќ“ од Лина Димоска. Книгата е во издание на Бата Прес и во текот на саемот може да се најде на нивниот штанд. Може да се купи и на нивната веб страна.
„Добрите девојки се враќаат дома пред полноќ“ е новела за обидот на младата хериона да се соочи со минатото и траумите од детство, да ја открие слободата и да ги улови можностите за да има еден поинаков и поубав живот. Целата приказна е испреплетена од мрачното минато на младата девојка и нејзините обиди да си создаде светла иднина и да го извлече најдоброто од себе на површина.
Психотерапијата ѝ помага на Анисија да направи чекори за кои инаку не би имала храброст да ги направи. Врсничкото насилство остава длабока траума врз неа, па таа има потешкотии при носење на одлуки, постојано се сомнева во себе, не е сигурна, ниту може да им верува на другите. Од друга страна копнее да се почувствува сакано и прифатено и нејзините постапки да бидат одобрени од некого.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.