Skip to content

Станувам утрината

Станувам утрината да се борам со светот, млада како извор, како росно цвеќе

Долго боледував од љубов, како најголемо можно задоволство

Денот доаѓа, под снопот виножито и сфаќам убаво е да се биде сам со себеси

Со лист хартија и со овој свет кој не ми е многу близок,

А поезијата е таа што цели кон вистината, онаа која може да го промени светот.

 

Ти сѐ уште спиеш и ми се смееш под сонцето како да имаш мала ластовица во очите

Знам дека во твојот сон сé се завршило добро, но јас сѐ уште чезнеам по мојот

Сама сум, со листот хартија и овој свет кој ме демне отсекаде

-Спаси ме! – ти викам зошто нашата љубов тука застанува

Но ти не велиш ништо и јас треперам и те проколнувам, знам дека тaa е вистината.

 

Ја разместувам постелнината и ја заклучувам собата за да се истргнам од земјата

Обземена од твојот поглед  гласно се смеам во белата тага,

Дрво расте во мојава соба да стигне до месечината каде ти спиеш

Избезумена од очај ја пишувам поезијата на вистината, на проклетството дека те немам.