Skip to content

Нова кожа – Викторија Стојовска

Само хартијата може да ме разбере.

Да не ми суди.

Да не ме обвинува.

Да не ме распарчува.

Само на неа можам да те доверам,

да знам дека си сигурен.

Само хартијата ги знае сите наши тајни,

сите случувања,

сите болки,

сите насмевки.

Преку мастилото и хартијата,

сè уште те чувствувам,

со секој допир на хартијата со прстите

чувствувам како секој напишан збор,

ми се зарива,

како трајна тетоважа,

длабоко под кожа.

Пече,

боли,

не поминува,

трае,

вечно останува.

Така и ти остануваш вечен,

во хартијата,

во зборовите,

сè уште дишеш,

сè уште живееш,

преку неа сè уште те чувствувам,

бидејќи неа ја носам со мене,

како нова кожа,

благодарение на неа,

засекогаш ќе останеш,

составен дел од мене!