Skip to content

Почеток – Блаже Петревски

Македонскиот поет Блаже Петревски – Ендемион, се претстави на поетскиот фестивал во Келн. Автор е на две стихозбирки: “Врвот дно” 2023 и ” Хипербореја” 2023. Дел од неговата поезија е застапена во меѓународната антологија со поезија на германски јазик. Ова е една од песните со кои се престави на поетскиот фестивал:

Почеток

Громот што свири на ладната лира

Од ланската птица со огнени крила

Земските мудрости во клунот ги скрила

Над изгревањето почеток била

Од отсутен цвет со мирис ги опила

Првиот трепет со стих го стопила

Под јазиков вжештен

од пламенот жив

На печатот пише

На Почетокот Беше Стих

Кој создаде небо што од себе се дели

На седумте плочи од зимите врели

Од треперлив сјај над карпата кренат

Вистинската лага над просторот свенат

Во мојата крв секој плод го вене

И повторно се враќа да посее семе

Песна изртува од презреаново ми теме.

Напишете коментар