Skip to content

Љубовите на Превер

 

На Жак Превер

 

Никогаш не зборувавме за твоите љубови, само за твоите птици

Исцртани во кафези од надеж

Ја чувавме длабоко во нас твојата тишина ко радосен оган

И со неа градевме бели цветови на колоритни платна

Во преградието на градот на светлината

Ти знаеше тоа е гласот на твојата младост

Што како плашлива птица пее постојано со нас

Љубовта, таа се крие во твојот скриен лик

Ни велеше:

„Ќе ја најдете небичас во еден нежен крик

И ако некогаш дојдете во градот на светлината

И поминете на улицата Пије-Вил

Нечујно во една кратка секунда од вечноста

Ќе ја најдете

Во цвеќарката која стои таму и цвеќето кое се ломи

Во еден старински цвет кој е наполно нов од љубов

Во малиот питач која бара милостина од птиците

Во мачорот која дреме на клупата

Во старата брачна двојка која неволно игра детски куклен театар

Во тајните на париските улици каде Сена со својта зелена руба се лула

На аголот на оваа улица каде таа својот муштерија го чека

Во еден спокоен човек кој умира од јанѕа за само еднаш да ја помилува

Неа, љубовта на неговиот живот.“,

Ние верувавме без збор, иако никогаш не зборувавме за твоите љубови

Иако знаевме дека сегашноста ништо не подарува

Освен можеби љубов.

Напишете коментар