Чуј како цвили ветрот низ пустите полјани наши,
И густи слоеви магла тркала кон влажниот дол…
Со крик летнува гавран и кружи над мојата глава,
Сводот небесен е матен, зол.
Фучи накиснато коњче. Брзо кон селото граби,
И веќе гледам пред себе бедна и стара стреа:
На прагот старица стои и мокра живина ваби,
И со опашот свој рунтав огромен пес до неа.
А ветрот морничаво свири низ црни, пусти полја,
И густи слоеви магла тркала кон влажниот дол…
Со крик летнува гавран и кружи над мојата глава,
Сводот небесен е матен, зол.
Препев од српски: Татјана Маженковска
Воислав Илиќ (20.04.1860 – 02.02.1894) е значаен српски поет, еден од зачетниците на реализмот во српската поезија. Во својот ктраток животен и творечки век успеал да објави три збирки песни и уште голем број други песни кои биле објавувани по книжевни списанија. Неговиот обид во прозното творештво останал незабележан, освен неколку дела, помеѓу кои неколку книжевни расправи.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.