Те гледав јас сношти. На сон. Тажна. Мртва.
Во одаа кобна, в идила од цвеќа,
ставена на одар, крај трепетна свеќа,
готов да ти дадам и живот за жртва.
в одаата кобна, полна смрт, и ѕемнев
в сомневање дека твојте очи темни
се јасни и дека во нив живот сјае.
Се што в слепа уплав и од мака дива
да оживеам сакав в нема очај јас.
Во одаа кобна сум и бол ме толчи,
сал косата твоја уште беше жива,
па рече: Во смртта се сонува. Молчи!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.