За денес споделуваме стихови од Херман Хесе насловени „Премногу доцна“. Стиховите зборуваат за несреќната и невозвратена љубов на поетот. Кратки по должина, но со силни емоции и доживувања. Прочитајте ги во продолжение!
Премногу доцна – Херман Хесе
Ти пријдов со копнеж
понизно да те молам,
но тебе ти беше мојот занес смешен
и мојата љубов за тебе
само игра беше.
Сега си уморна, заситена
додека тажните очи твои
ме гледаат со трепет
онаа љубов во која некогаш горев,
би ја прифатила сега ти.
Ах, колку тажно, од неа одамна
остана само пепел,
не ќе заискри повторно
беше некогаш таа твоја,
сега остави ја да почива сама.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.