Бев, чекорел по светот неуморно.
Љубев де тука, де таму.
Љубев секаде, секојпат.
Сенки се уште стојат како сведок,
на местата каде впишував историја.
Каде дишев, неуморно.
Живеев од момент за момент.
Дур, годините поминуваа неприметно.
Како Хаику поема при тивка вечер.
Оставав насмевки.
Но и
бол, солзи позади мене.
Весели но и тажни лица.
Прстен паднат на земи.
Ветување и исполнетост,
испарени во воздухот.
На сетнина, се подзамислив.
Подзастанав.
Помислив на годините поминати.
И оние кои треба да дојдат.
До сега живеев како при Кабуки.
И не жалам за се,
за Кабукито одиграно.
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.