Skip to content

Мајка

  • by

Моја најголема животна инспирација

личност која нема компарација,

љубов, разбирање,строгост,толеранција

за мојата мајка најдобра комбинација.

За добрите дела награди разни

и прегратки со нејзините раце мазни,

а за лошите оцени следуваат мали казни

и минути без разговор многу празни.

Од нејзините усни совети разни

раскажани добро како приказни,сказни.

Мојата мајка е како сончев сјај

вечна булка во месец мај.

Автор:
Лара Панова V-5 одд
ООУ Блаже Конески
Ментор: Светлана Бобевска

Напишете коментар