Skip to content

LIBER PAUPERUM

На Богородичната црква во Париз

Зарем ти не си книга која никој не успеал да ја прочита?

да ги одгатне твоите тајни скриени низ таванските шуми

да ги наслушне брзите чекори на сите оние кои трчале низ

извртените скалила за да го одѕвонат Емануел?

Te Deum.

Во чест на француските кралеви.

Навистина ти си тука Емануел,

Dominus vobiscum.

Си одѕвонувал низ вековите

за повторно да одѕвониш и денес

за повторно да те оживее Емануел

и да ја славиш историјата,

зошто нешто што толку силно одѕвонувало

ќе одѕвонува засекогаш.

Во просторот.

Во времето.

Во срцата на сите кои веруваат во тебе.

Ars longa, vita brevis.

Уметноста нема крај. Како ни твоето рането стебло.

Тоа ќе се разграни повторно кон небесата

за да ја дофати светлата загадочност,

која само ти знаеш да ја одгатнеш.

О, ти, Виоле ле Дик! Архитект на векот!

Те препознаваме таму

во твоите гарголи, химери, флеурони.

Но твојот шилец повторно ќе биде граден!

И ние, како неверниот Тома

не можеме да поверуваме,

зарем е можно некој да те замени тебе?

Beati qui non viderunt et crediderunt!

Сѐ уште не сме виделе, но веруваме,

грациозноста твоја нема да падне

светлината твоја нема да згасне,

Post tenebras, Lux!

Напишете коментар