Ветровите на ноќта
не можат да ги запрат,
гласовите на префрлувачот –
ти не си на прав пат.
И си префрлив јас,
по начин познат
само за мене и мој –
не си ти тој.
Но не си видел ли ти
во секоја отсвирана нота,
барем еден мал стремеж
за уникатност се мота.
А наспроти мене – биста,
ладен спомен на римјанин,
научени емоции и виши наредби.
Карневал на сожалување
на плоштадот на хедонизмот,
во средината на екваторот
низ цивилизациите на повидок.
Автор:
Шифра: „Плазма“