Што мисли за тебе машината за перење?
или ладилникот кога му завиваат цревата?
а мислењето за тебе на твоето шамиче за нос?
и дури и на празноглавиот телевизор?
дали ти е тоа навистина важно?
ти нив не ги интересираш
еве, исчезнала запалката
ти си ѝ станал здодевен
попусто се надеваш дека чевелот е заљубен во тебе
си го обул и тој веќе те заборавил
нештата се кршат исчезнуваат
и преминуваат од рака в рака без да остават трага како
парите
меѓутоа шумичката
по којашто си минал минатото лето
таа и натаму свиркала со птиците по тебе
и сè досега мисли на тебе
и зборува за тебе со облаците
но нели всушност сè е наопаку?
(извадок од збирката „Дванаесет руски поети“)
Препев: Тања Урошевиќ
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.