Иднината нема да дојде
Во моментот кога се очекува.
Очекувањето е сегашност која изумира тивко
И го задушува срцевово биење.
Биењето е отскок непрекинат
Засилен и задушен од секој твој поглед.
Погледот е птица која прелeтува
И застанува на мојата глава
Без прашање и молба.
Прашањето не постои кога те имам тебе
Само се молам да не те изгубам.
Губењето е прекршена страст
Која го смалува постоењето
Постоењето нема иднина
Која се очекува
Тоа секогаш е сегашност која те моли
Да дојдеш.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.