Поезија

Филип Димкоски доби меѓународна награда „Книжевно перо“

Книгата поезија за деца „Заедно да растеме“ од Филип Димкоски, објавена годинава во „Академски печат“, ја доби меѓународната награда „Книжевно перо“ за најдобра збирка поезија за деца во регионов. Наградата му беше доделена на Димкоски во рамките на меѓународниот книжевен фестивал „Денови на пријатели на книгите“ што по единаесетти пат се одржува во Риека, Република Хрватска, а го организира Хрватското книжевно друштво.

Книгата „Заедно да растеме“ содржи 38 песни поделени во два циклуса. Рецензентка е Љиљана Атанасова, автор на поговорот Горјан Петревски, авторка на илустрациите е Александра Ацеска, а лекторка на изданието е Кристина Велевска. Книгата досега беше промовирана во Прилеп, Скопје, Битола и во Штип.

Извор

Слични написи

One thought on “Филип Димкоски доби меѓународна награда „Книжевно перо“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје