Поезија

Последна нота

Се впивам, без напевен воздив во просторот.
Покрај мене, уште еден патник лунатик.
Испарува за миг.
Мачно ехо поминува низ овие уморени вени.
Риф по риф, слајд по слајд, ги скокотка.
Додека блузот привршува.
Гледам кон месечината, затскриена.
Кон другиот крај на светот.
Сјаам за неа, доаѓам за неа си велам.
Земја на сонот ил пак фантазија, побарав.
Сетне го изговарам името нејзино.
Истата драма, повторно се игра во мојот ум.
Наместо еурека, ги фатив внатре во Сиокс танц.
Олуја и грмотевици, помеѓу сон и јаве татнееја.
Со последната нота недовршена.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје