Македонска поезија Поезија

Ти

Дур часот се ситни пред полноќ

Најсетне ја чувствувам месечината

Универзумот редејќи ги ѕвездите

Создава галаксии

Ти

Чекориш таму некаде со разигран од

Каде пусти се сокаците

А мене, сефа ми е

Сефа голема, преголема

Ти

Зграбена во моментот

Се оддалечуваш покрај врбите

На грани птици песнопои те пратат

Чунки наала им душата

Ги маѓепса

Ти

Која здив одземаш

Ти

Која покор покоруваш

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје