Ваши дела Конкурси

Благослов – Благица Блажеска

Срце отворено за поезија треба,

но, срце отворено,

без Узди

-добра мисла не раѓа.

Распнати помеѓу светот и копнежот

-нозе на земја ,

а ум во облаци

-на убава мисла крилја се

до домот кај песната пребива.

Благослови Господи

поет на Вечноста,

Бездомник да сум,

а мојот дом

-во Тебе да е.

Така, скитнички,

без седенка,

насекаде гледајќи Те

-како сјајот во очите на другиот,

да Те сакам и опевам до последен здив.

И да полетам,

иако на земја,

во оној миг

кога толку силно

сите ги Љубиме.

Кога кругот Стрела станува.

Ме лекуваш ти песно моја тогаш.

Егзорцизам си за сенките во срцево.

Подаваш рака

да се изнедри и роди,

Онаа која и јас уште не ја знам.

Затоа,

песно моја-

Радост ќе те наречам,

Воскресение

И

Химна на Осмиот ден

-без квечерина,

Незалезен.

Автор:
Благица Блажеска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје