Змилулеста прашина
го покажува патот до Мртвото море.
Таму се коваат камените души,
изрезбани од свирепото свирење
на брановите занесени во квечерината
на дождот.
Песокот ги боцка школките
и потсмешливо им завидува,
на морската длабочина.
Бакни го последниот камен
и подари го на месечината.
Автор:
Марина Гоцевска