Бев грабел погледи
Дамски
Бев актерувал сувишно
Драмски
Патот ми бил рамен
де кривулест
Со раце протегнати угоре
Чекав галаби белоградски
Рози градини, сум дарувал
Усни румени бакнувал
Усни, бразди медовни
Но медот пресуши
Усни избледоја
Бев јатакувал
Бев и атакувал
И плакал
И плакал
И плакал
По бојот загубен
При поглед сензуален
Воскреснувал бев
Насмеан
Дур поглед твој не здогледав
Крај река брзалка
Поглед маѓесник
Мир растера
Умот мој го зароби
Со твоите очи фстак боени
Сон да сонувам
Немам
Чекам утро свежо
Да мисли кон тебе испрати
За тие очи фстак боени
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.