Македонска поезија Поезија

Ние двамата

Не сум богољубец, ниту пак аскет

Кој в’ пустина бога моли за атер

Мојта душа, хедонизам в’денот

Копнее за ликот твој налик коприна

Кој прави да ми срце ромори

Ко поток длабоко во корија

Но за твојта насмевка румена

Од аур стар, храм би сторил

Имам ниет и царство да ти подарам

Царство пишано, испеано

Па скриено в’ табернакул вековен

Дај ми абер за срце аманет да ти оставам

А ти, ти виори во денот развиделен

Дур ми друшка не’ станеш

Од копнежот изгорен, саѓи сторен

Иднина ќе испишеме, писание свето

Дур реката животна не’ пресуши

А ние двамата еделвајс сторени

За животот минат ќе си помниме

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје