Литература Поезија Светска поезија

Шарл Бодлер – Албатрос

Шарл Бодлер (1821-1867) , еден од најголемите француски поети , е претходник на симболизмот и со него започнува модерната литература.

Неговото проклетство како поет да биде различен од другите и неговиот обид да достигне едно ново ниво на свест, едно ново симболичко ниво каде ќе воспостави врска меѓу предметите и појавите е најдобро претставено во неговата песна „Албатрос“.

Преку албатросот е претставен самиот поет, тој е симболот на неговото неприфаќање во општеството во кое живее.

Бодлер спаѓа во генерацијата на проколнати поети, односно поети кои не се прифатени и сфатени од општеството во кое живеат.

Морнарите на бродот го симболизираат простиот народ, односно вулгарноста и деградацијата на општеството во кое живее поетот и кое не може да ја разбере неговата возвишеност и вредност.

Албатрос

Луѓе од бродот, често, за забава ги ловат
албатросите, птици што в морска шир се сами,
и што со големи крила рамнодушно пловат
над лаѓата што се лизга над горчливи јами.

Но кога ќе се најдат врз палубните штици
тие кралеви на ширта, до пред малку сјајни,
ќе станат одеднаш смешни и несмасни птици,
а крилата бели жално ќе се влечат крај нив.

Тој крилат патник сега колку станал беден!
Тој, некогаш толку убав, колку е грд вака!
Со своето луле клунот му го дразни еден,
куцајќи, друг летачот го подражава сакат!

Како принц на облаците поетот се крева,
се подбива со стрелецот и низ луња броди,
но штом е спуштен на земја, среде џган и врева,
неговите крила на џин му пречат да оди.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје