Жена

Подавам рака на милосрдието

Ти си милосрдница ми велат

Оставам да растат мирисливи гурелави очиња во моите раце

Ти се цвеќерасница ми велат

Издигам сонце над мрачните бездни на животот

Ти си изгрејсоjница ми велат

Носам вода од чешмите кои течат од водата на животот

Ти си водоносница ми велат

Ги полевам со млеко усните кои бараат живот

Ти си млеконосница ми велат

Ги будам сите утра со насмевки после немирен сон

Ти со ранобудница ми велат

Ги заспивам сите ноќи со допирот на срцето

Ти си срценоќница ми велат

Ги откривам сите тајни на постоењето

Ти си тајно откривница ми велат

Да, јас сум живодаросница

Без мене нема живот.

Јас сум Жена, а тоа значи јас сум Живот!

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?