Skip to content

Слушнете ја четвртата епизода од „Кулитерација“ во која ни гостуваше Марија Прличкова Маци

Драги читателите и слушатели, достапно е последното „поглавје“ (четврта епизода) од нашата емисија „Кулитерација“ која се емитува на радио МОФ секој втор четврток во 18 и 30 часот

Во оваа епизода на гости ни беше младата писателка, авторка и блогерка – Марија Прличкова Маци со која си поразговаравме на различни теми меѓу кои и за нејзината книга „Марла“ за која веќе се подготвува продолжеток – комплетно ново издание.
Потоа начнавме доста табу-теми за кои многу малку се зборува, и заклучивме дека час и половина не ни се доволни за комплетно да се искажеме на истите.

Се договоривме после промоцијата на новата книга повторно да се видиме и со нови импресии да го продолжиме разговорот.
Пуштете ја снимката, имате можност да ја запознаете Марија од еден друг агол, да ги чуете нејзините ставови на тема „љубов“, „насилство“, „брак“, „предрасуди“, како таа ги доживувала реакциите после издавањето на „Марла“, а исто така во тек е и наградната игра во која таа доделува една копија од истата.

На Инстаграм се случува „дарувањето“ каде што можете да се приклучите и сега бидејќи трае до утре (12.3) кога и ќе го одбереме среќниот добитник. Ве очекуваме и таму. Пријатно слушање!

 

За сите љубопитни, на следниве линкови – објавите што водат до претходните епизоди.
Епизода 3
Епизода 1 и 2

До следно слушање – пишуваме, читаме и се слушаме на радио!

Напишете коментар