Кој ли ќе те гушне
со рацете мали
и со златна коса
саноќ да те гали?
Кој сребрена песна
на сон ќе ти пее:
„Надвор ветре дува,
месечина грее.
Надвор лисје шуми,
ројот ѕвезден бега.
Јас те сакам многу,
мој си, мој си ега.
Надвор роса роси
и зокумон спие.
Спи, спи ми, сонот
убав нека ти е“.
Блаже Конески
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.