Литература Поезија Светска поезија

Green – Пол Верлен

Да ја започнеме пролетта со една убава љубовна песна од Пол Верлен насловена „Green – Зеленило“.

Зелената е боја на пролетта, на повторното раѓање на природата. Но, исто така означува младост и млад човек кој нема искуство во љубовта.

Но, сепак убаво е да се биде млад без разлика на искуството, зарем не?

Со песнава, поетот сака да се врати кај својата стара љубов и бара прошка од неа после прељубата која ја направил како неискусен и млад човек неопитен во љубовта.

GREEN

Еве ти цвеќе, лисја, гранки, плодови зрели

И еве ти го срцево што тлее в љубовен жар

Не раскинувај го со твоите раце бели

Погледни го благо мојов скромен дар.

Дојдов уште покриен со капки росни

Што ветрот утрински на чело ми ги рони

Дај му на мојот замор мигови радосни

Да сонува среќно крај нозете твои.

Главата да ја ставам врз твоите гради

Замајана уште од бакнежите задни

Нека се смири еднаш од будите млади,

Да ги заборави малку часовите страдни.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје