Македонска поезија Поезија

Ново, Утре!

Гледам, небото плаче

Улиците поплавени биднаа

Гледам, клупите во паркот

Прераскажуваат приказни

Од едно блиско време

Слушатели, птиците им се

Сами под канделабрите

Стапалки, не постојат

Џагорот нем биднал

Замоците од кал и песок

Напуштени се

Ги снема и првите

бакнежи

Го снема и првиот пад

Од точакот со помошни

Првата караница

И насмевка искрена

Гледам, изменето е сѐ

Изменето од умот човеков

Алчен

За моќ

За надмоќ

Но постои и надеж

Кога замоците повторно

Ќе се изградат

Бакнежите, вратат

Насмевките пак

Повторно ќе ги преплават

Душите на обичните

На оние,

Кои веруваат…

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје