Конкурси

Конкурс за најдобар панграм распишан од „Окно“

Окно по трет пат распишува конкурс за панграми. Станува збор за реченица што ги содржи сите букви од азбуката.

„Идеален панграм е онаа реченица со смисла, која ги содржи сите букви (31, во случајов) употребени само по еднаш. Ова веројатно е невозможен потфат, но ајде да се обидеме да склопиме панграм реченица составена од најмал број букви“, се вели во конкурсот.

Нема ограничување на бројот на панграми што еден учесник може да ги испрати. Бројот на искористени букви за еден панграм е ограничен на максимум 70, во спротивно нема да се разгледува.

„Нашите критериуми при оценувањето на панграмите ќе бидат: краткоста (колку помалку букви тоа подобро), креативноста (јазична и друга), поетичноста, музикалноста, имагинативноста…“, стои во конкурсот.

Ќе бидат избрани пет најдобри панграми. Вкупниот награден фонд изнесува 7000 денари. Најдобриот ќе биде награден со книги од издавачката куќа „Темплум“ во вредност од 3000 денари, а останатите четири ќе добијат книги во вредност од по 1000 денари.

Панграмите ќе ги оценуваат уредниците на Окно. 
Конкурсот трае до 18.04.2020, а прогласување на победниците: 22.04.2020 на Окно.

Панграмите треба да се испрата на следнава адреса: [email protected]

Оние кои имаат потреба, можат да добијат и техничка помош за составување панграми, преку специјалниот ПанграмМК бројач, софтвер изработен од Џејсон Стит, а прилагоден во македонска верзија од „Кома“ и „Битсиа Системи“.

Извор

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје