Општо

Брзозборки

,,Како што е умешност да се напише тешка, содржајна поема или прозно дело. Исто така е тешко да се напише и тешка но забавна брзозборка.

Брзозборки, сигурен сум дека скоро сите кои ќе го прочитаат напишаново ќе се присетат на своите баба и дедо. Кои, како мали им биле кажувани итри зборчиња кои биле не сфатливи за нив. Во мојот случај :), бабата беше таа која знаеше да ми каже и некоја ,,сочна,, брзозборка која ќе ја споделам со вас. Но пред тоа, ајде да научиме нешто повеќе за брзозборките. Како тоа и кои се македонските писатели кои пишувале брзозборки.

Брзозборките се зборовни конструкции тешки за изговор, се изговараат брзо и при брзиот изговор се прават грешки кои предизвикуваат весело расположение.  Тие се пресврт на јазикот и специфична низа на зборови чиј брз, повторен изговор е тежок дури и за говорителите на мајчин јазик.
Честопати, тие се слични зборови што следат еден на друг, но се разликуваат во одредени слогови. Чести се и алитациите (македонски писател кој покрај другото пишувал поеми со употреба на алитации како вид е Матеја Матевски). Покрај тоа, некои јазици се тешки заради нивниот необичен состав на зборови (структура на реченици) и затоа бараат високо ниво на концентрација. Некои брзозборки на јазик се направени за забава, но од друга страна, професионалните ,,говорници,, како што се актерите, политичарите и домаќините на телевизија / радио ги користат како вежби за артикулација.

Во македонската литература брзозборки пишувале Васил Куноски, Рајко Јовчевски, Киро Донев и уште неколку писатели. Притоа ајде да се потсетиме на дел од нив, од друга страна и да научиме некои нови кои за прв пат ги сретнуваме. 😉

  • Бел петел бела пепел преташе.
  • Џеб, џепче, џепчиња без денарчиња.
  • Едно дрво јаворово преку поле Лазорово.
  • Лош кантар црн катран мереше.
  • Во дол бол има вол.
  • Ситна роса ситно трева росеше
  • Страчка каша варила од јачмен и просо, а пак ќосот во ќошот си го чепкал носот.
  • Седеше турче, на криво крувче. 
  • Че ом, че ам, че дом.
  • Ж’т д’лг в’к.
  • На врв брда врба мрда.
  • Пролајало јаре.
  • Машина шо сушит.
  • Секој петок урда јадам.
  • Кралот Карло на Кралицата Карла и го украл кларинетот.
  • Карикатуристот карикатурира карикатура со карактеристичен карактер.
  • Пет илјади петсто педесет и пет шишиња полни со свеж швепс.
  • Ми рекоа да му речам и си реков дај да му речам да не речат дека не сум му рекла.
  • Фатив слон и сом на сон.
  • Учителката вика дека за вика не се вика вика туку се вика Велика.
  • Штркот штрака со штракалката.
  • Петко плете плет,Петкоица меси леб,пушти Петре плет, за да јадеш леб.
  • Јадев леб под пукнат камен, пиев вода над пукнат камен.
  • Шест чаши свеж швепс.
  • Капа опаку капа.
  • Потипис дата вода пијам.
  • Пушка пукна, патка падна.
  • Жабата Жа од барата Ба ја викнала жабата Ба од барата Жа.
  • Боб под поклоп.
  • Штрк, штр, балабан, потфати се под ваган.
  • Петко наш голем маж, фатил глувче за опаш.
  • Мало бек, лапај снек, цепи штици, јади трици.
  • Поминаф поле Лазороо, најјдоф зељзка расолоа, овја расол лош расол, нашиот расол арен расол.
  • Саач, шут саач.
  • Три педи три погачи за мајкина пизма.
  • Угоре мома удолу коса.
  • Желта дуња Деспина, роди сина мајмуна, го крстие Спаско.
  • Дојди попе, дојди пак пак, не ти гинит тфојот ак, за земање никој пат.
  • Жими буда недеља герамида кадеља.
  • Не су јаре видела дробот си го изела.
  • Дрзок дрвар в дрма дрва врзал.
  • Наташа од Ваташа и Маташа од Ваташа. 
  • Бутур, бурмут, тутун.
  • Крле корка крка, од грнец грав срка.
  • Калелем јарма урма тас тус пинпиле канче катанче
  • Црн мебел, бел мебел.
  • Кракара Бакара Бакара Кракара Скинат конец со Макара.
  • Роса- роса росица, до појас косица.
  • Нешто шушка,на крушка,до грмушка.
  • Пукна пушка под пењушка.
  • Петко пеш по патот оди, патот право в училиште води.

Сега ви останува само да вежбате и да се смеете. 😉

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје