Спуштив клепки седнат на полјана
Крај извор кој мелем на душа е
При ветрец опоен и опејуван
Унакрст нозе положив на почва
Мирна, свежо оросена со мирис на спокој
Молкум ги наслушнувам булките
Како си прикажуваат за слободата
Се вдадов во ритмичен транс
Далеку од сè, кое душа разорува
Далеку од овие четири ѕида
Од ова време на раскол и пекол
Заробен со умот талкач, уживаме…
Чекајќи го следниот час на слобода
Моментот го пресликуваме в’ гради
Ќе го чуваме, си ветивме до следниот час,
На слобода…
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.