
Уште еден распишан конкурс на тема „Едно наше лето“.
- Право на учество имаат сите.
- Конкурсот е од МЕЃУНАРОДЕН КАРАКТЕР и трае до 10 ти јуни оваа година.
Испратените авторски трудови треба да ја опфатат темата содржана во насловот од конкурсот – „Едно наше лето“.
- Расказите и испратените песни да не бидат подолги од 2 страни А 4 формат.
- Се замолуваат сите учесници да го наведат своето име со точни податоци бидејки искуството од поранешните конкурси говори за присуство на одредени недоследности кои нема веќе да се толерираат.
- Секој текст кој надминува 2 стр. А 4 формат ќе биде исклучен, како и текстовите кои обработуваат сосема друга тема и оние текстови на кои стои име на две лица без назнака на испракач и автор.
- За да се одбегнат недоразбирања ве молам за точност и прецизност, назнака на ваш телефонски број, доследност во должината на текстот.
- Не испраќајте повеќе од 1 расказ ниту цели збирки поезија.
- Најдобрите текстови ќе земат учество во меѓународна антологија – ЕДНО НАШЕ ЛЕТО.
- Двајца најдобри автори ќе добијат награда – печатење на поезија или проза (по нивни избор) во тираж од 100 примероци.
- Ќе бидат доделени и други награди.
- За учество на нонкурсот, учесниците треба да уплатат котизација во износ од 300 денари на сметка која дополнително ќе биде објавена.
- За евентуални дополнителни информации контакти на телефон или месинџер кај организаторката.
*(Текстот ќе биде подложен на едит за дополнување на информациите)