Проза

За едни големи лица

Се сеќавам на будалаштините мои кои им создаваа бол в’ гради… на моите баба и дедо. За сркшената нога на баба ми, дур јас качувајќи се на кровот од старата куќа го слушнав нејниот крик дур таа пробуваше да ме симне од тие трули дрвени скалила. Ја подигам во чест, чашава со вранец за зборовите мудри на дедо ми при секоја посета. Додека неговата строгост на стар комунист ми влеваше почит. И бананите закачени на црешата кои според него ги береше но не купуваше. За крстозборките кои ми ги даваше да ги решавам и беа вовед во нашиот понатамошен разговор. Ми фали будењето во доцните часови само за да ме праша дали сум гладен иако бев сит. Но сега сум гладен за нивниот лик. Додека тие сега веќе ги ораат небесните ниви. Чествувам за тие двајца херои, бидејќи познавав личности со големо срце и скромен ум.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје