Skip to content

Надеж

Одведи ме до твојот свет

Дозволи да солзата плати за влез

А пред порта јасминот паднат го гледаш

Дланките биднаа уморени

Дур милуваа и држеа цветови

Не допуштаа да пуштат

Но сега, рапави и стари

Чувствуваат само бол и празнина

Одведи ме до твојот свет

Имам сѐ уште, што да дарам

Како кога месечината ја дарува твојата сенка

Украдена од мигот

Сети се, само на погледот…

Па замижи и отвори ја портата за во твојот свет

Дур јас чекам како скитник на прагот

Напишете коментар