Ќе се сетиш ли…Ако ти кажам
зборови одамна заборавени
или намерно заборавени
во твоите спомени?
Ќе се сетиш ли…Ако ги затвориш очите
и на момент се вратиш на твое место…
тајно место што го криеш?
Ќе се сетиш ли…На бегањето од местото
просторот и магијата на моите зборови
Од срце кажани?
Ќе се сетиш ли…Ако ти кажам дека сум
на најладното место, а знам дека
сакам да сум крај оганот?
Ќе се сетиш ли…Ако го слушнеш гласот
кој плаче во мене, а сепак се смее на глас?
Се прашуваш дали ќе се сетиш?
Да, ќе се сетиш или повторно ќе заборавиш.
Дијана Станчевска