Литература Македонска поезија Поезија

Поетичноста при Салвадор Дали

Дали уметноста има почеток и крај? Дали при крајот отпочнува друг почеток? И сѐ така продолжува таа, по макадамот на креативноста од битието. Што е уметноста, а што зборот пишан за неа? Дали истата може да се долови со зборови вдахнувачи на моментот при неа?

Како страствен хедонист во уметноста, си земав за слобода да интерпретирам три уметнички дела преку пишаниот збор, на ненадминливиот Салвадор Доменек Фелип Жасинт Дали и Доменек маркиз де Пубол или едноставно попознат како Салвадор Дали.

Уживајте! и не дозволувајте животот да помине без моментот зграпчен 😉

Каде што времето извира неуморно

Таму водат сказалките, две…

Дал е тоа местото со плима на животот

Кое вдахнува заборав и сеќавање

Тргни по летот на пеперугата

Нека ги води и оние во утробата

Сетне стигни на делницата

Но не запирај, втурни се’ кон хаосот

Оти времето е воз брзалица


Кој е тој кој живот дарува

А кој истиот за миг го одзема

Битие бидна, по светот да талка

Светот черга стара со нерамнини

Чедото го одвои од коренот

Мајка родилка беше заборавил

В’ краини туѓи вкусот го искусува

А тој, тој гради распарчува за мирисот

На почвата родна


Молкум избери да љубиш

Ил’ лудо засвири ги нотите

Пеј и радувај се’ како да вечно

Младоста тлее во одајата на двамата

Нека плаштот ги поврзе душите несмасни

Па напијте се од пехарот на среќата

Заборави на минатото, кое како старо вино

Испарува во заборавот на асталот

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје