Skip to content

Бесплатни сајтови за читање е-книги на српски јазик

Srbook нуди дела од историјата и полтиката. Книгите се пребаруваат по автори, а базата содржи 454 книги од 289 автори.

Amaravati е колекција од шест книги на српски јазик кои ги подарува “Theravada”, будистички манастир од Англија.

EU Bookshop е онлајн книжарница која содржи публикации објавени после 1952 година. Содржи над 1000 000 публикации и повеќе од 200 000 поврзани со електронски книги, а преводите се достапни на 50 јазици.

Hathi Trust во својот каталог содржи околу 13 00 наслови. Постојат повеќе опции за пребарување: по автори, место и период на објавување и по оригиналниот формат.

Open Library содржи 208 е-книги на српски јазик, објавени помеѓу 1638 и 2017 година. Главно се работи за политички и историски дела од српски автори.

Skripta.info е сајт наменет за разни документи во електронски облик, пред сѐ помеѓу студенти. Поделен е по области и можат да се пронајдат различни книги, романи, учебници, стрипови, аудио книги, турторијали.

Internet Archive нуди околу 260 наслови и зборници од научни трудови. Од големо значење е за оние кои се занимаваат со изучување на климатските промени.

Kompjuter biblioteka е интернет книжарница која содржи е-книги од различни области. Книгите можат да се преземат бесплатно и главно се наменети за програмери, дизајнери и останати занимања поврзани со информациски технологии.

Marxist Internet Archive содржи материјал што го создала Марксистичката архива. Библиотеката содржи дела од 24 автори кои се најистакнати претставници на марксизмот.

South Slavic Literature Library е виртуелна библиотека од југословенската архива. Содржи дела од автори од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. На овој сајт најлесно е пребарувањето по автори подредени по азбучен редослед.

Biodiversity Heritage Library се пребарува со внесување наслов на книга или автор, или се избира колекција од книги, а потоа се бира јазикот на кој е напишано делото.

International Children’s Digital Library содржи 77 книги на српски јазик за деца, а се подредени по абецеда и насловите на делата.

Pages: 1 2

Напишете коментар