Skip to content

3 начини за смирено однесување во негативни ситуации

Колку и да ви било тешко да задржите позитивен став, многу често ќе се најдете во ситуации каде што ќе бидете во друштво на негативни индивидуи. Покрај таквите луѓе тешко е да се задржи смиреноста и оптимистичниот поглед на светот.

Иако е прилично тешко да се одржи позитивниот дух кога сте опкружени со “негативци“, тоа сепак е изводливо. Прочитајте ги најдобрите “тактики“ кои помагаат за одржување на позитивност.

1. Фокусирајте се на себе

Кога сте соочени со негативен став, една од најдобрите нешта што можете да ја направите е да се фокусирате на себе. Без оглед на тоа што прават или кажуваат другите, вие можете да го контролирате вашето однесување. Во тој момент поставете си ги следните прашања: „Како реагирам на оваа ситуација?“ „Како можам оваа реакција да ја направам позитивна?“

Не можете да ги контролирате реакциите од другите луѓе, но секогаш можете да влијаете на што ќе се фокусирате и како ќе реагирате

2. Сменете ја вашата реакција

Уште една одлична тактика на постапување со тешките луѓе е тактиката на обратна реакција. Кога некој ќе се однесува на негативен начин, обидете се да се однесувате спротивно од тоа. На пример, ако е некој песимистичен, вие бидете оптимистични. Кога ќе одлучите дека ќе реагирате позитивно, така и ќе се чувствувате.

3. Негативноста не ја сфаќајте лично

Понекогаш може да ви биде тешко да се сетите на тоа, но во поголемиот дел од случаите негативноста од другите луѓе не е директно насочена кон вас. Можеби негативната индивидуа има многу лош ден или период во животот. Исто така може да биде под големо количество стрес за кој вие не сте свесни.

Прилично е тешко да се знае и да се претпостави со сигурност што се случува во нечија глава. Затоа навистина е корисно и мудро да не се сфаќа лично секоја негативна акција.

Дознајте и кои се “златните правила“ што треба да се почитуваат кои се препорачани од руски психотерапевт.

Напишете коментар