Мудри мисли од Карлос Руиз Зафон за животот и сè што се случува во него кои ќе ве натераат на размислување

Карлос Руиз Зафон оваа година замина во вечно почивалиште. Тоа не значи дека нема да го спомнуваме, да се сеќаваме на неговите дела. Книгите негови и понатаму продолжуваат да се читаат. Сега можеби со мала грутка во грло бидејќи знаеме дека не може да се очекува ништо ново од неговото перо.

Делата на Зафон изобилуваат со мудри мисли што ги оставил запишани засекогаш помеѓу страниците. Прочитајте ги во продолжение неговите најпознати цитати.

„Секоја книга има душа, душата на личноста што ја напишала и душите на оние кои ја прочитале и сонувале за неа.“

„Книгите се огледала, во нив го гледаме само она што веќе го имаме во нас“

„Правењето пари не е тешко само по себе… Она што е тешко е да заработиш правејќи нешто доволно вредно за да си го посветиш животот на тоа.“

„Вредноста на една тајна зависи од луѓето од кои што треба да биде чувана.“

„Поезија се пишува со солзи, фикцијата со крв, а историја со невидливо мастило.“

„Судбината е обично веднаш зад аголот. Како крадец, проститутка или продавач на ливчиња лотарија – нејзините три најчести персонификации. Но она што судбината со сигурност не го прави, се домашните посети. Мораш да одиш по неа.“

„Моментот кога ќе застанеш да размислиш дали навистина сакаш некого или не, веќе си престанал да ја сакаш таа личност засекогаш.“

„Времето не нè прави помудри, туку само поголеми страшливци.“

„Парите не се важни. Освен, ако немаш пари.“

„Претпоставувам дека немаш многу пријатели. Немам ниту јас. Не им верувам на луѓето кои велат дека имаат многу пријатели. Тоа е сигурен знак дека тие всушност не познаваат никого.“

„Виното од мудриот човек прави будала, а од будалиот мудрец.“

„Ако некогаш имате ќерка, што е благослов кој не го посакувам никому, бидејќи е правило во животот дека порано или подоцна ќе ви го скрши срцето. Конечно како што реков, ако некогаш имате ќерка, ќе почнете незабележително да ги делите мажите на два типа: на оние за кои се сомневате дека спијат со неа и на оние за кои не се сомневате. Оној кој вели дека не е така, лаже како пес.“

„Некој еднаш рекол дека во моментот кога мора да размислиш дали некого сакаш, веќе засекогаш си престанал да го сакаш.“

„За добрите работи навистина треба да се почека. Има тука сељаци кои мислат дека ако ја стават раката на задникот на некоја жена и таа не буни, веќе ја имаат во џебот. Почетници. Срцето на една жена е истанчен лавиринт кој ја одмерува силата со неизделкан ум на мажот измамник. Ако навистина сакате да поседувате некоја жена, мора да размислувате како неа, и мора прво да ја освоите нејзината душа.“

 „Овој живот вреди само поради три-четири работи, а останатото е арско ѓубриво.“

„Поклонот се дава поради радост на оној што поклонува, а не поради заслугите на оној што ги прима.“

„Можеби затоа уште повеќе ја обожавав, поради таа вечна глупост да трчаме за оние кои ни нанесуваат болка.“

„Нема ништо на светот како што е првиот пат. Човекот не знае што е живот додека не ја соблече првпат жената. Копче по копче, како да лупите многу врел компир во зимска ноќ.“

„Потсетете се: врело срце, ладна глава. Златно правило на заводникот.“

„Жена, тоа е Вавилон и лавиринт. Ако ја оставите да размислува, изгубени сте.“

„Времето ме научи да не губам надеж, но и да не се потпирам целосно на нејзе“.

„Во некои добри времиња ќе видиш дека некогаш не е важно она што го даваш, туку она од кое се откажуваш.“

„Париз е единствениот град во светот каде што умирањето од глад се смета за уметност.“

„Пливам спротивно од насоката затоа што сакам да пречам.“

„Зборовите со кои е затруено детското срце, преку злоба или од незнаење, остануваат засекогаш во спомените и порано или подоцна, ја горат душата.“

„Кога веќе сè е кажано и направено, каква е таа наука која е во можност да го прати човекот на Месечината, а не може да стави парче леб на масата на секое човечко суштество?“

„Случајностите се лузни на судбината.“

„Сеќавањата се полоши од куршумите.“

„Чувајте ги своите соништа, никогаш не знаете кога ќе ви затребаат.“

„Возраста нè тера да забележуваме некои работи. На пример, сега знам дека животот на човекот е поделен во три периоди. За време на првиот, никогаш не ни помислуваме дека еден ден ќе остариме, не мислиме на тоа дека времето изминува и дека од денот кога сме се родиле ние чекориме кон сигурен крај.

„Зрелост е едноставно процесот на откривање дека сè она во што сме верувале кога сме биле млади е лажно, а сите оние работи во кои сме одбивале да веруваме на крајот излегуваат вистинити.“

После првите неколку години младост, доаѓа вториот период кога една личност станува свесна за кревкоста на животот и она што започнува како зрно сомнеж, расте во нас како поплава од несигурности коишто остануваат до крајот.

„Ми недостига да имам непријател. Без разлика дали го сфаќаме тоа или не, повеќето од нас се дефинираат самите себеси преку спротивставување, а не преку фаворизирање некого или нешто. Кажано поинаку, полесно е да се реагира отколку да се дејствува. Ништо не буди страст за догма подобро од добар антагонист.“

„Луѓето зборуваат премногу. Тие не потекнуваат од мајмуни, туку од папагали.“

„Тишината прави глупавите да изгледаат мудри, макар и за минута.“

„На крајот, кон завршетокот на животот, започнува периодот на прифаќање и како резултат на тоа, перидот на откажување, тоа е периодот на чекање.“

„Човекот е морално животно оставено само на себе во неморален универзум и осудено на конечно постоење со никаква друга намена освен да го одржува природниот циклус на видовите.“

„Знаеш која е најдобрата работа кај скршените срца? Можат вистински да се скршат само еднаш, останатото се само гребаници.“

„Забавата е како опиум, нè издигнува од бедата и болката, иако само на кратко.“

„Оделото сепак го прави човекот, тоа е тажната вистина на ова несреќно време.“

„Еден добар дел од нашиот живот го трошиме на сонување, особено додека сме будни.“

„Океанот на времето, порано или подоцна ни ги враќа сеќавањата што сме ги закопале во него.“

„Подготвени сме да поверуваме во што било, освен во вистината.“

Прочитајте ги и следните мотивациони мисли што ќе ве инспирираат.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?