Во дивата и густа шума
си живееја многу животни
весело трчаа низ ливадите
и ги поздравуваа шумарите.
Меѓу нив имаше и едно желче
живееше покрај едно борово елче,
куќарката и телото му беа зелени
а најдобри пријатели два елени.
Желчето сакаше трева да јаде
и храната што природата ќе ја даде,
се движеше полетно и брзо
ги поминуваше сите други желки
а, со дивите животни правеше зделки.
Брзото желче им беше менаџер главен,
за распоред во шумата му немаше рамен.
Куќен совет, ред, мир и секакви листи,
го слушаа дури и бубачките и сите глисти.
Одржуваше натпревари и одење по модни писти,
без него ниту ноќите ниту деновите не се исти.
Познато по неговата вештина,
брзо се движеше на ладно,
ништо не можеше да го спречи
и во најголемата жештина.
Брзото желче шампион прав,
движи се и ти за да бидеш здрав.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.