Има одредени мигови во животот кога сите ние се чувствуваме истрошено. Кога сакаме да се оддалечиме од некои работи. Тоа значи дека нашата душа е изморена. Но вие сте личноста која може да си помогне на себеси.
Ви претставуваме 6 корисни начини со чија помош ќе ја “залечите” душата, а не чинат ниту денар.
1. Прифатете се такви какви што сте
Научете да го сакате вашето вистинско јас. Лицето што се крие под лажниот превез и маските. Прифатете го она што сте со сите ваши недостатоци. Сите тие совршени несовршености. Прегрнете ги вашите стравови и сите несигурности. Бидете храбри и горди на самите себе. Кога ќе се прифатите самите, после е многу полесно.
2. Одвојте онолку време колку што ви треба, без да му објаснувате на никој
Исклучете се од сè што ви го одвлекува вниманието и свртете се кон вашата душа. Избегнувајте ги сите одвлекувања од патот. Нека вашиот ум биде мирен, фокусирајте се на вашите мисли и слушајте го вашиот внатрешен глас. Тоа сте вие. Вие сте единствената личност што ќе биде таму за вас, дури и кога остатокот од светот ќе исчезне.
3. Плачете
Не го игнорирајте плачот. Вие сте единствената личност која може да си помогнете. Плачењето не ве прави слаба личност. И најсилните луѓе некогаш имаат потреба да се испразнат емоционално.
4. Дишете
Пред да пробате нешто друго, потсетете се дека дишете. Не брзајте. Забавете го чекорот и свртете се околу вас. Обрнете внимание на вашето дишење. Нека биде правилно и рамномерно. Погледнете добро околу вас и забележете ја целата убавина која ве опкружува. Во сè има магија. Само треба да ја побарате и да ја видите.
5. Започнете да работите повеќе од она што ве прави среќни
Работете помалку од она што ви ја троши енергијата. Оставете ги сите ваши штетни навики. Напуштете ја идејата дека секогаш треба да бидете таму за другите. Или пак дека вашата среќа зависи од луѓето што ве сакаат. Не е такал Плус, токму тој начин на размислување ве носи во амбисот на тагата. Вашата среќа доаѓа однатре. Не се мачете да ја барате на друго место.
6. Научете да кажувате “не“ почесто
Тој чекор не ве прави себични. Тоа е чин на грижа за себеси. Не плашете се да го живеете животот како што ви одговара на вас.
Прочитајте ги и овие десет мисли за иднината кои ќе ве натераат на размислување.
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.