Литература Македонска поезија Поезија

Вљубената

Не може да мисли без да  те гледа со насмевка

Се сопнува на секој непрооден камен

Лежи на нерамни  подови од морски откинати школки

Те гледа со зраци во очите

Не размислува пред да каже те сакам

Те носи во прегратки без да ти каже дека те носи во срцето свое

Те опсипува со бакнежи без да изустиш збор

Те разнежува со гласот на ангелите

Те носи во земјата на светлите неба

Те разнежнува со непрекинати расплакани сентименталности

Ти нуди чаша вино додека се прашуваш дали сакаш да појадуваш

Те прашува дали сакаш можеби кафе ако кажуваш дека не си појадувал

Те носи во безгрижни соништа секогаш кога немаш сон

Животот со неа е љубов

Животот со неа е бесконечен сон

Од кој нема да сакаш да се разбудиш.

 

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје