Skip to content

Ново лице – Октавио Пас

Ви ги претставуваме стиховите од Октавио Пас, со оригинален наслов „Nuevo Rostro“. На следниот линк е оригиналната верзија.

Преводов е извадок од збирката „Катадневниот оган“ во препев на Матеја Матевски (1992).

Ново лице

Ноќите ноќта ги брише на твоето лице,

излева масла таа врз твоите исушени клепки,

ја гори мислата во твоето чело

и зад мислата сеќавањето.

Меѓу сенките што те поплавуваат

друго лице се разденува.

И чувствува дека покрај мене

не си ти таа што спие,

туку она девојче што беше ти

и што чекаше само да заспиеш

за да се врати и да ме запознае.

Напишете коментар