Занимливости и информации Македонски автори Писатели и поети

Творештвото на Видое Подгорец

Видое Подгорец е еден од најплодните македонски писатели, патописци, поети, раскажувачи и романописци за деца и возрасни. Припадник е на втората генерација македонски писатели.

Видое Подгорец започнал да пишува додека бил ученик во учителската школа во Штип.

Подгорец спаѓа во редот на најпопуларните и најплодните македонски писатели: само во првите десетина години од своето творештво, веќе објавил околу триесет книги!

Неговите дела се преведувани на повеќе јазици, и тоа: српски, хрватски, словенечки, турски, албански, руски, украински, полски, чешки, словачки, бугарски итн.

Тој исто така е автор на неколку телевизиски сценарија за детски игри, како и на две радио-драми за деца: „Незавршена приказна“ (заедно со Михо Атанасовски) и „Чудесно патување“.

Исто така, тој е уредник на две антологии: „Гулаб на мирот“(избор на раскази за деца) и „Вртешка“ (избор на песни за деца).

Во 1969 година, издавачката куќа „Наша книга“ од Скопје објави избор од делата на Подгорец во десет книги.

Автор е на многу дела, а меѓу неговите најзначајни остварувања се: збирките поезија ,,Развигорче”, ,,Весела азбука”, ,,Илјада цветови”, книгите раскази ,,Прости ми канаринке”, ,,Шумскиот разбојник”, ,,Патувањето на Добрило”, ,,Приказна за селото”.

Од романите на Подгорец посебно место има култниот ,,Белото Циганче”, кој е преведен на петнаесет јазици.

Останати негови дела
  • Горско кладенче – станува збор за поезија за деца
  • Неспокојно детство – раскази за деца
  • Шумскиот разбојник – раскази за деца
  • Тихо доаѓаат соништата – поезија за деца
  • Сенки на ѕидот – раскази за деца
  • Деца под печурки – раскази за деца
  • Ајдучка чешма – роман за деца
  • Сребрена школка – песни за деца
  • Песни и сказни – песни и раскази за деца
  • Задкарпатска повест – роман за деца и млади
  • Белото Циганче – роман за деца и млади, трилогија
  • Време на љубовта – поезија
  • Туника – раскази за деца
  • Чудесно патување – раскази за деца
  • Две селзички – раскази за деца
  • Отиде со жеравите – раскази за деца
  • Над лулката – поезија за деца
  • Вечерни ѕвона – поезија,
  • Весела азбука – поезија за деца
  • Аз, буки, веди… – повест
  • Шарени бродови – раскази за деца
  • Чисти раце – раскази за деца
  • Сивиот одмазник – раскази за деца
  • Ливада на соништата – раскази за деца
  • Прокудени птици – роман за деца и млади
  • Овчарчето Бош – роман за деца и млади
  • Илјада цветови – поезија за деца
  • Рајна Војвода – роман за деца и млади
  • Пустини и оази – патописи
  • Првото писмо – роман за деца и млади
  • Бигорна љубов – роман за млади
  • Пепел и цвет – роман за млади
  • Писма од Африка – патописи
  • Македонска голгота – роман
  • Пожар потоа пепел – поезија
  • Зарастен бунар – поезија
  • Истрча белиот коњ – роман за деца и млади
  • Бродот Брезова кора – раскази за деца
  • Пиринскиот цар – раскази за деца
  • Патувањето на Добрило – раскази за деца
  • Приказна за селото – раскази за деца
  • Во Солуна грош сомуна – поезија за деца
  • Црниот пантер – роман за деца и млади
  • Корените на судбината – роман
  • Песни за Туника – поезија за деца
  • Лушпи од месечина – поезија за деца
  • Летот на белата гулабица – роман за млади
  • Сопатници на детството – есеи, огледи и критички осврти
  • Карпошовата буна – роман
  • Дивиот рај – роман за млади
Награди

Видое Подгорец е добитник и на повеќе награди.

Во 1966 година, за романот „Белото циганче“, Подгорец добил две награди: наградата „Младо поколение“ за најдобра детска книга во Југославија, како и втората награда на конкурсот за роман на „Детска радост“.

Покрај тоа ги има добиено и следниве награди:

„ТВ Скопје“ – за најдобра книга на годината

„Курирчек”

,,Читателска значка“

„13 ноември“

 „Климент Охридски“

Тој остана запаметен како еден од најдобрите македонски писатели, поети, романописци, раскажувачи.

На следниов линк прочитајте и дел од неговата поезија.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје