На денешен ден бил роден Теофил Готје. Toj бил француски поет, романописец, ликовен и литературен критичар.
Роден во Тарб, Теофил Готје живее во Париз од најраното детство. Се запознал со Жерар Лабрини (идниот Жерар де Нервал) на Колеж Шарлемањ и уште многу млад се интересира за поезијата. Во 1829 година го сретнува Виктор Иго кого го признава за свој учител и активно учествува во движењето на романтизмот.
Како и во прочуената „битка на Ернани“, на 25 февруари 1830 година. Во 1833 година со хумор ќе го евоцира овој период во „Младите-Франција“.
Во период 1831 – 1832 година ги издава своите први песни кои поминуваат незабележано. Но тој се разликува од своите пријатели од движењето за романтизам по своите формалистички преокупации. Тој ги критикувал моралистичките или утилитаристички визии на литературата.
Во прочуениот вовед на неговиот епистоларен роман „Госпоѓицата де Мопен“ (1835). Исто така ги пишува своите први новели, меѓу кои „Кафематот“ (1831) со фантастична нишка која ќе ја продлабочи во други негови дела „Роман за мумијата“ (1858).
Во 1836 година, на барање на Балзак, тој објавува новели и уметнички критики во весникот „Ла кроник де Пари“ (La Chronique de Paris – Париска хроника). Потоа интензивно соработува со други весници, особено со „Ла прес“ (Печат) на Емил Жирарден. Некои од овие текстови подоцна ќе бидат издадени во книги „Гротески“, „Книжевни спомени“.
Исто така издава песни „Комедијата на смртта“ (1838) и се обидува во театарот со пишување на драми „Ѓаволска солза“, (1839). Во мај 1845 година, оди на големо патување зад Пиринеите од кое произлегува еден бележник на впечатоци („Патување во Шпанија“ и нови песни „Еспања“ (1845). Патува и во други земји, во Алжир, Италија, Грција, Египет, од кои исто така произлегуваат разни публикации.
Во 1852 година, излегува од печат „Глазури и камеи“ која ја надополнува (неколкупати до 1872 година) и со која нејзиниот автор станува водач на школата. Бодлер својата „Цвеќињата на злото“ му ја посветува на „беспрекорниот поет“. Теодор де Банвил го поздравува бранителот на „ларпурлартизмот“, претходник на парнасовците во потрага по убавото, против лирските изливи на романтичарите и вреднувајќи ја работата врз основа на формата на делото.
Во 1855 година, Готје ја напушта редакцијата на весникот „Ла прес“ и почнува соработка со „Монитер универсел“. Како ликовен и театарски критичар, авторот секој месец обезбедува бројни статии за сликарството и културниот живот, како и свои дела пред објавување.
Египтологијата е во мода откако Шамполион ги открил тајните на хиероглифското писмо. Од 11 март 1857 година, Теофил Готје ги пасионира своите читатели со „Романот на мумијата“. Таа е љубовна приказна која се одвива во времето на фараоните.
Во 1848 година, во „Ла прес“, под наслов „Двете ѕвезди“, излегува роман во кој двајца англиски авантуристи се обидуваат да го ослободат Наполеон I од островот Света Елена. Истиот е издаден во „Л’универ илистре“ (Илустриран свет) од 24 јуни 1865 година под наслов „Убавата Џени“.
Тој продолжува да издава статии и песни. Но пишува и биографија на Оноре де Балзак и авантуристички дела како неговиот роман на наметка и меч „Капетанот Фракас“. Назначен е за библиотекар на принцезата Матилда Бонапарт и ги посетува книжевните салони на Второто Царство.
Исто така и уметничкото милје, интересирајќи се за музичарите (пишува за Хектор Берлиоз, Шарл Гуно, Рихард Вагнер). Го пишува либретото за балетот „Жизел“ на Адолф Адам, како и за сликарите (Ежен Делакроа, Едуар Мане, Гистав Доре, Теодор Шасерио.
Тој бил претседател на Националното уметничко друштво
Во 1862 година бил избран за претседател на Националното уметничко друштво. Комитетот на друштвото е составен од најпрестижни сликари: Ежен Делакроа, Пјер Пиви де Шаван, Едуар Мане, Албер-Ернест Карје-Белез и Гистав Доре.
Изборот на оваа позиција предизвикува завист кај помалку познатите книжевници заради што тој не успева да биде примен во Француската академија и покрај четирите кандидатури (во 1856, 1867, 1868 и 1869 година).
Длабоко потресен од воените случувања во 1870 година, Готје се враќа во Париз, каде ги поминува своите последни денови. Покрај болеста е свесен за задачата за образование и примерот што го имаше за младите генерации. На 23 октомври 1872 година, починува. Остава слика на сведок на книжевниот и уметнички живот на своето време. Неговите уметнички концепти биле ценети и чие разновидно дело сè уште е признато.
Виктор Иго, Стефан Маларме и Теодор де Банвил му држат последна „погребна здравица“. Закопан е на гробиштата Монмартр во Париз.
Неколку негови цитати:
1. „Убаво е само она што не служи за ништо; сè што е корисно е грдо, бидејќи е израз на некоја потреба, а човечките се грди и одвратни како што е неговата сиромашна и немоќна природа.“ (Предговор на „Госпоѓицата де Мопен“)
2. „Мора да има длабок рез во срцето за да ги излее своите стихови, божествени златни солзи!“ („Ландскиот бор“, „Еспања“)
3. „Нели е чудно што ноќта, во која нашиот свет е нурнат толку долго време, е толку ретко репродуцирана? А таа има свои убавини, свои питорескни ефекти, свои волшепства и заведувања.“ („Театарски спомени“)
4. „Сè уште ништо не сум сторил за театарот, и, за да не бидам обвинет за злоупотреба на стилските ефекти, дебитирав со балет: Жизел, во кој Карлота се појави за првпат. Овој балет, чудна работа, имаше огромен успех; се играше и сè уште се игра во сите делови на светот. За еден поет, овој кореографски успех дозволува само да се биде понизен…“
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.