Skip to content

Светлана Христова – Јоциќ – македонска поетеса, есеист и писател

Светлана Христова – Јоциќ била родена во Ресен на 27 февруари 1941, а починала во Скопје на 27 април 2012 година.Таа била македонска поетеса, есеист и писател за деца. Завршила Филозофски факултет во Скопје. Подолго време работела како новинар во Радио Скопје. Била секретар и претседател на ДПМ и покренувач и главен и одговорен уредник на ревијата „Стожер“. Член била на македонскиот ПЕН центар и на ДПМ.

Творештво

Калесница – поезија

Скришен ковчег – поезија

Сињо – поезија

Последна битка – повест за деца

Алка за нишалка – поезија за деца

Хагада – поезија

Зачатие – поезија

Самечка ќелија – поезија

Душница – поезија

Гусларот – повест за деца

Стровиште – роман

Силенто – есперанто, поезија

С. Бесмертна – поезија

Голема молитва – поезија

На ште срце – поезија

Награди

Добитник е на наградата ,,Браќа Миладиновци”.

Напишете коментар