Споделуваме една песна од Руми од збирката „Два света“ во превод на Тихомир Јанчовски.
Дела на беспомошностa
Еве ги чудесните знаци што ги посакуваш: тоа
што саноќ плачеш и стануваш взори, молејќи,
тоа што во отсуство на она за што молиш денот ти се мрачи,
вратот ти е тенок како макара, тоа што она што го даваш
ти е сè што имаш, што го жртвуваш сиот имот,
сонот, здравјето, својата глава, тоа што често
седнуваш во огнот како суво дрво, и често излегуваш
да го дочекаш сечилото како напукнат шлем.
Кога делата на беспомошноста стануваат вообичаени,
роа се знаци.
Но ти трчка таму-ваму да не ги пропуштиш чудните случки
и им се загледуваш на патниците в лице.
„Што ме гледаш така избезумено?“
Изгубив пријател. Прости, те молам.
Таквото трагање не промашува.
Ќе дојде јавач кому си му близок
Снеможуваш и мрмориш. Неупатените велат: „Се преправа.“
Што знаат тие!
Водата надоаѓа и ја спасува рибата на брегот, водата
на знаците што ги наведов.
Простете ми за бладањево.
Како човек да биде сталожен покрај сето ова?
Тоа е како броење на лисјата во градината
заедно со нотите на песната на еребиците
и кукуригањата.
Понекогаш планирањата
и сметките стануваат бесмислени.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.