Митови и легенди Римска митологија

Римскиот мит за Енеја

Енеjа (грчки: Αινείας, Aineías) во грчката митологија е син на принцот Анхис  и божицата Афродита, тројански херој кој одиграл голема  улога во Тројанската војна. Бил член на помладата гранка на тројанската кралска куќа.

Бегство од Троја

По падот на Троја, тој бега од градот што гори заедно со неговиот татко Анхис и синот Асканиј. Тука започнува славниот еп на Вергилиј. Заедно со него се и Енеидите – неговите пријатели Ахат, Сергест, Акмон, потоа исцелителот Јапиг, трубачот Мизен и водичот Мима. Тие ги зеле со себе и Лара и Пенате, тројански куќни божества, кои подоцна станаа  симболи на домот во стариот Рим.

Во Хомеровата Илијада тој бил водач на тројанските сојузници на Дарданците и поручник на Хектор. Мајката  Афродита често му помагала на бојното поле и бил миленик на братот на Афродита, Аполон.

Диомед го нападнал и скоро го убил, но тој бил спасен од Афродита и Аполон, го ставиле во облак и се вратил во Пергам за да се лекува. Подоцна, Посејдон му помага кога го напаѓа Ахил, иако тој бил на страната на Ахајците. По падот на Троја, Енеја бил еден од ретките преживеани Тројанци и заедно со останатите преживеани тргнал кон Италија. На заминување од Троја, Енеја доби тројански меч од Парис. Пророштвото на античките пророци велело  дека тој што поседува тројански меч ќе има светла иднина.

Енеја како лик од римската митологија

Тука митот продолжува со римската традиција. За време на петте години од својата пловидба, му се прорекува дека ќе основа нација која ќе стане господар на светот. По бурата испратена од Јунона (Хера), Енеја и неговата дружина пристигнуваат во Картагина. Енеja  имал кратка љубовна врска со картагинската кралица Елиса, позната и како Дидона. Таа предложила  Тројанците да одморат во нејзината земја и му предложила на Енеја да владеат со Картагина двајцата. Богот Меркур (Хермес) бил испратен од Јупитер (Зевс) и Венера (Афродита) за да го потсети Енеја да продолжи со неговото патување.

Самоубиството на Дидона

Енеј се согласил да замине и кога Дидона го слушнала  тоа, наредила  да ѝ се направи погребно спалување и си го одзела животот со меч. Приказната вели дека пред нејзината смрт таа ги проколнала Енеја и неговото идно семејство и оттогаш постоело непријателство помеѓу Картагина и потомците на Енеја, Римјаните, непријателство што еден ден ќе доведе до страшни пунски војни и целосно уништување на Картагина.

Енеја продолжи да патува со своите придружници и тие застанале  на Сицилија, каде што им се придружил и  Ахаменид, еден од членовите на екипажот на Одисеј. Набргу потоа, Енеја почнал да војува со градот Фалерија.

Веридбата со Лавинија и основање на градот Лавинија

Латин, кралот на Латините, го поздравил Енеја и му дозволил да ги преуредува нивните животи во Лацио. Неговата ќерка Лавинија му беше ветена на Турнус, кралот на Рутулија, но тој сепак му ја дал на Енеја, затоа што во пророштвото се велело  дека ќе се вери со странец. Тој му  објавиа војна на Енеја, под влијание на Јунона (Хера), но Енеја бил победник. Енеја го основал градот Лавинија, кој го именувал по неговата сопруга. Подоцна ја примил  Ана Перена, сестрата на Дидона, во градот, но таа набрзо избегала поради љубомората на Лавинија.

Енеја станал бесмртен

По смртта на Енејa, Венера (Афродита) побарала  од Јупитер (Зевс) да го направи бесмртен. Јупитер се согласил и речниот бог Нумиција го исчистил, а Венера му дала да пие амброзија и нектар со што Енеја станал бог. Од тогаш Енеја  е познат како бог со епитетот Jupiter Indiges.

Прочитајте го грчкиот мит за Енеја тука

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје