Животот е непредвидлив, тој е суров на моменти и има моќ да нè повреди и да нè разниша до срж. Но, ако сакаме нашата душа да биде смирена и да најдеме мир, мора да им простиме на оние што нè повредуваат. Мора умот да заборави, а срцето да прости. Понекогаш е многу тешко да се пронајде внатрешниот мир. Ви претставуваме добри причини зошто да почнете да живеете во сегашноста и сето она што ве повредува да го оставите во минатото.
Ништо не треае вечно
Добри времиња, лоши времиња … сите ќе поминат. Ако се случи нешто лошо, знајте дека нема да трае долго. Ако нешто добро се случи, исто така, знајте дека ќе помине порано или подоцна. Сè е минливо, сè постојано се менува. Ништо не е трајно и ништо не е сигурно. Затоа, не вреди да имате незадоволство и лутина во срцето. Мора да го пуштите тоа и да уживате во сегашноста, бидејќи само тој момент е во вашите раце.
Не дозволувајте минатото да ја обликува вашата сегашност и иднина
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.