Тажно е лозјето,
грозјето е обрано,
во ливадите во стогови
сеното е обрано.
Гола е шумата,
сронат лист се злати,
тмурно е небото,
невреме ќе фати!
Јато диви гуски
летаат кон југ,
итаат в топли краишта,
немаат избор друг!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.