Стигмата која постои за менталните нарушувања за среќа полека исчезнува, а грижата за менталното здравје не е толку табу како претходно. Потребно е отворено зборување за посета на психолог, психотерапевт, психијатар и посетување едукативни курсеви.
По повод светскиот ден на менталното здравје, кој се одбележува денес, издвојуваме 7 факти за менталното здравје
1. Стигмата и дискриминацијата ги оддалечуваат пациентите од потрага по стручна помош
Според СЗО иако на полето на медицината и другите терапии значително постои напредок, на ова се спротивставува и понатаму широко распространетото неразбирање и стигмата кон луѓето кои имаат ментално нарушување. Под стигма во овој случај се подразбира дека заболените не се интелигентни, дека се тешки за соработка и комуникација, неспособни за донесување одлуки.
На овој начин индивидуата дополнително се злоупотребува, се изолира и исклучува од социјалното опкружување што понатаму доведува до спротивен ефект при лекувањето. Крајниот резултат е сè почеста хоспитализација и лекување со медикаменти (а ова би требало да биде последна опција).
2. Анксиозноста е најприсутен вид ментално нарушување
Постојат многу различни облици и подвидови на анксиозните нарушувања, од генерализирано анксиозно нарушување до социјална анксиозност, посттрауматски стресно нарушување, панични напади, опсесивно-компулсивно нарушување и фобии.
Се смета дека во светот четвртина жители се загрозени од менталното здравје.
Најновите податоци од СЗО известуваат дека блиску до еден билион луѓе имаат некое ментално нарушување.
3. Половина од вкупниот број на хронични ментални нарушување настануваат пред 14 роденден
Уште во детството може да се допринесе за подобро ментално здравје. Менталното здравје кај младите сè повеќе се влошува. Според СЗО, околу 20% од децата и адолесцентите во светот имаат ментални нарушувања или проблеми. Ова директно се поврзува со сè пораната употреба на паметни телефони. Менталните нарушувања може да му се случат секому, без оглед на животната доба, иако постојат ризик фактори. Такви ризик фактори се семејна анамнеза, трауми и висок коефициент на интелигенција, најчесто се предуслов за нивно настанување.
4. Менталното здравје не е само “во главата“, туку се одразува на целото тело
Иако самиот назив упатува на состојбата на умот погрешно е да се мисли дека единствено се однесува на овој сегмент од организмот. Истражувањата покажуваат дека менталните нарушувања можат да го скратат животниот век повеќе отколку активната употреба на цигари. Борбата со менталните потешкотии може да биде исцрпувачка, да го оштети имуниот систем и функционирањето на дигестивниот тракт. Постарите истражувања покажале и многубројни други физички компликации.
Најчесто се наведуваат нарушувања на метаболизмот, болести на респираторниот тракт, кардиоваскуларни заболувања, како и заболувања кои го напаѓаат организмот како последица од лош имун систем – ХИВ вирусот.
5. Повеќе од половина возрасни луѓе менталните нарушувања ги доживуваат како личен неуспех, а тоа е погрешно
Со анкетата која ја спровел интегриран конзорциум за управување со нега од Калифорнија откриено е дека барем половина од возрасните кои имаат некое психичко нарушување се обвинуваат себеси. Односно тегобите ги поврзуваат со лична слабост и карактер. Во реалноста постои цел спектар од комплексни фактори кои влијаат на менталната состојба, од генетика до фактори кои на прв поглед делуваат незначително, како што е на пример нивото на загаденост. Како и да е, карактерните недостатоци не се меѓу тие фактори.
6. Од менталните нарушувања почесто заболуваат жени, но мажите се повеќе склони кон самоубиства
Според истражување спроведено во British Medical Journal, жените се побројни пациенти со дијагноза на ментално нарушување. Но кога е во прашање старосната категорија, ризична група се младите жени. Истражувањата се спроведени меѓу Британци и просечните резултати покажуваат дека една од шест возрасни луѓе боледува од слично нарушување. Кога се исклучени мажите, за женскиот пол резултат бил една од пет жени, а кај мажите овој број паднал на еден од осум испитаници.
Меѓутоа, податоци од други истражувања покажале дека мажите почесто си го одземаат животот. Во светски рамки според СЗО на секои 40 секунди умира по 1 човек од самоубиство. Додека 3 милиони луѓе умираат дневно поради злоупотреба на алкохол.
7. Можно е оздравување со соодветен третман кон нарушувањето (под соодветен се подразбира индивидуален пристап)
Добри вести е дека постои можност за оздравување од овие нарушувања. Некои поранешни пациенти објаснуваат дека после соодветните третмани никогаш повеќе не ги искусиле тегобите што ги имале. Во третманите се вбројуваат медицина, индивидуална терапија, групна терапија, промена на животни навики или сите овие методи применети заедно.
Прочитајте ја и оваа статија и дознајте кој е најважниот момент во психотерапијата!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.